Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии
Профил: Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Потребата од зголемено, ефикасно и квалитетно производство, како и подобрувањето на работните услови, налага примена на високо интегрирана автоматизација, како кај техничко-технолошките системи, така и во нетехничките системи, како што се еко-системите, економските системи, медицината и други. Поради ова, подрачјето на работа за дипломираните инженери на оваа насока е извонредно широко и можностите за вработување се големи. Тие можат да работат во индустријата и јавниот сектор како: инженери за анализа, проектирање и ревизија на автоматизирани погони; во стопански организации за автоматско следење и прибирање на податоци, компјутерско водење, далечинско управување, менаџирање на технички и нетехнички системи; како експерти-програмери и хардверски и софтверски инженери; во академски институции, во истражувачки центри итн.
Образовни компетенции на профилот
Студентот добива опсежни фундаментални и практични знаења од сите дисциплини од системското инженерство, автоматиката и роботиката. Стекнатите знаења и вештини се темелат на современи научни сознанија во области на автоматизацијата и роботиката, компјутерско-информациските технологии, процесната информатика, менаџментот, био-инженерството, кибернетиката во медицината, мерно-процесната техника, индустриски интернет на нешта итн. Студентите ќе стекнат знаење за: презентирање, моделирање и анализа на однесувањето на системи од различна природа (и не само техничка), примена на методи, техники и алатки за математичка анализа на системи и решавање проблеми со употреба на системски приод, разбирање на методите за обработка и прибирање податоци во системите на управување, анализа и синтеза на системи за автоматско управување, роботски системи, системи со вештачка интелигенција и машинско учење, интелигентни системи на управување и други, примена на елементите за автоматизација (хардверски и софтверски компоненти) за автоматизација на процеси, автоматизација на производствени постројки, компјутерско управувани системи, електромеханички системи и процесни мерења и актуатори, анализа и дизајн на SCADA системи за различни индустриски процеси, компјутерско водење на процеси и далечинско управување, работа со високо автоматизирани роботски системи и слично. Користејќи ги здобиените знаења, инженерот на оваа студиска програма, ќе биде оспособен за креативно мислење и решавање проблеми, самостојна и тимска работа, ефективна комуникација, донесување одлуки и доживотно учење. Сето ова се очекува да ги направи добро прилагодени и конкурентни на домашниот и на европскиот пазар на трудот.
Општи дескриптори на квалификации
Квалификација |
Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
|
Примена на знаењето и разбирањето |
|
Способност за проценка |
|
Комуникациски вештини |
|
Вештини на учење |
|
Специфични дескриптори на квалификации
Квалификација |
Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
|
Примена на знаењето и разбирањето |
|
Способност за проценка |
|
Комуникациски вештини |
|
Вештини на учење |
|
Семестар 1 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ08З009 | Математика 1 | 7 | 3+3+0 |
3ФЕИТ08З016 | Физика 1 | 7 | 3+2+1 |
3ФЕИТ06З005 | Основи на електротехника | 7 | 4+3+0 |
3ФЕИТ07З027 | Програмирање и алгоритми | 6 | 2+2+2 |
Изборен предмет | 3 | ||
Изборни предмети* | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ123006 | Германски Јазик | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ123017 | Француски Јазик | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ123003 | Англиски Јазик | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ123015 | Руски Јазик | 3 | 2+1+0 |
*Студентот мора да избере еден од четирите понудени предмети |
Семестар 2 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ08Л010 | Математика 2 | 7 | 3+3+0 |
3ФЕИТ08Л017 | Физика 2 | 7 | 3+2+1 |
3ФЕИТ06Л004 | Основи на електрични кола | 7 | 3+2+1 |
3ФЕИТ12Л002 | Спорт и здравје | 0 | 0+2 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 3 | ||
Изборен предмет 1* | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ07Л004 | Библиотеки и програмирање | 6 | 2+2+2 |
3ФЕИТ07Л025 | Податочни структури и програмирање | 6 | 2+2+2 |
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети | |||
Изборен предмет 2** | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ11Л001 | Практикум по MATLAB | 3 | 0+1+2 |
3ФЕИТ03Л002 | Електротехнички материјали | 3 | 2+0+1 |
**Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети |
Семестар 3 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ08З011 | Математика 3 | 6 | 3+3+0 |
3ФЕИТ033005 | Мерења во електротехника | 6 | 3+1+1 |
3ФЕИТ053035 | Сигнали и системи | 6 | 3+2+0 |
3ФЕИТ013023 | Теорија на системи | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет | 6 | ||
Изборен предмет 1* | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ05З018 | Електроника | 6 | 3+1+1 |
3ФЕИТ05З019 | Електроника 1 | 6 | 3+1+1 |
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети |
Семестар 4 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ05Л010 | Дигитална и индустриска електроника | 6 | 3+1+1 |
3ФЕИТ05Л015 | Електромагнетика | 6 | 3+2+0 |
3ФЕИТ07Л010 | Компјутерски архитектури | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ01Л021 | Теорија на автоматско управување 1 | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 3 | ||
Изборен предмет 2 | 3 | ||
Изборен предмет 1 и 2* | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ08Л001 | Веројатност | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ08Л003 | Дискретна математика 1 | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ08Л008 | Комплексна анализа | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ08Л012 | Нумерички методи | 3 | 2+0+1 |
*Студентот мора да избере два од четирите понудени предмети |
Семестар 5 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ013005 | Елементи на автоматизација и роботика | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ01З022 | Теорија на автоматско управување 2 | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 3 | 6 | ||
Изборен предмет 1* | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ103009 | Вовед во телекомуникации | 6 | 3+1+1 |
3ФЕИТ103020 | Комуникациски технологии | 6 | 3+1+1 |
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети | |||
Изборен предмет 2** | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ093004 | Вовед во електроенергетски системи | 6 | 3+2+0 |
3ФЕИТ023009 | Електроенергетски уреди | 6 | 3+1+1 |
3ФЕИТ043017 | Основи на електроенергетика | 6 | 3+2+0 |
**Студентот мора да избере еден од трите понудени предмети | |||
Изборен предмет 3 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ013003 | Дискретно настански системи | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ013014 | Основи на вештачка интелигенција | 6 | 2+2+1 |
Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.
Семестар 6 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ01Л007 | Компјутерско водење на процеси | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ01Л010 | Моделирање, симулација и идентификација | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ01Л018 | Роботика 1 | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборни предмети 1 и 2 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ12Л008 | Индустриски комуникациски мрежи | 6 | 3+1+1 |
3ФЕИТ01Л006 | Интелигентни системи на управување | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ07Л016 | Микропроцесорски системи | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ07Л018 | Моделирање на податоци и бази | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ01Л016 | Проектирање на сигурносни системи | 6 | 2+2+1 |
Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.
Семестар 7 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ013011 | Нелинеарни системи на управување | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ013015 | Програмабилни логички управувачи | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ013017 | Проектирање на системи на автоматско управување | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборни предмети 1 и 2 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ013001 | Автоматизација на производни постројки и процеси | 6 | 2+2+1 |
ЗФЕИТ013002 | Автоматско управување на системи во електроенергетиката | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ013008 | Машинско учење | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ033011 | Процесни мерења | 6 | 3+1+1 |
3ФЕИТ013019 | Роботика 2 | 6 | 2+2+1 |
Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.
Семестар 8 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ12Л007 | Дипломски труд | 9 | |
3ФЕИТ12Л016 | Студентска пракса | 3 | |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 3 | 3 | ||
Изборен предмет 4 | 3 | ||
Изборен предмет 1 и 2 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ01Л004 | Дистрибуирани системи и SCADA | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ05Л023 | Машински вид | 6 | 3+1+1 |
3ФЕИТ01Л009 | Мобилна роботика | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ01Л012 | Операциони истражувања | 6 | 2+2+1 |
3ФЕИТ01Л013 | Оптимални управувачи и обсервери | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 3 и 4* | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
3ФЕИТ09Л008 | Економска проценка на инвестиции | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ04Л010 | Комуникациски вештини | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ11Л002 | Претприемништво | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ03Л009 | Принципи на управување со квалитет | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ04Л020 | Проектен менаџмент и етика во инженерството | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ09Л021 | Регулатива во електроенергетиката | 3 | 2+1+0 |
3ФЕИТ08Л015 | Технолошки иновации | 3 | 2+1+0 |
*Студентот мора да избере два од седумте понудени предмети |
Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.