Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ)

КомпетенцииДескриптори на квалификациитеIIIIIIIVVVIVIIVIII

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии

Про­фил: Електроенергетика, управување и менаџмент

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Дипломираните инженери од оваа студиска програма мо­жaт да креирааат сопствен бизнис или да се вработат во некоја од компаниите кои се занимаваат со: произ­вод­ство на електрична енергија од класични или обнов­ли­ви извори; трговија, пренос и дистрибуција на елек­трич­на енергија; менаџмент, проектирање, заштита, авто­матизација и управување на електро­енергетски обј­екти; консултантски услуги по проектен менаџмент, студии и техничко-економски анализи, eнергетска ефи­кас­ност и околина и сл.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
Студиската програма ЕЕУМ ги следи потребите на ком­па­ниите од електро-енергетскиот сектор за креирање сов­ремено образуван инженер кој ќе има стручни поз­на­вања од областа на електроенергетиката, информа­цис­ко-комуникациските технологии, како и способност и знаење за менаџирање на сложени технички проекти во новата пазарно ориентирана околина.

Во рамките на студиската програма студентите изучу­ва­ат технологии за производство на електрична енергија од класични и обновливи извори; постројки и управу­вач­ки системи во електроенергетските системи; методи за планирање, проектирање и градба на електро­енер­гет­ски објекти; современи софтверски алатки за ана­ли­за и решавање на инженерски проблеми, методи за раци­онално користење на електричната енергија, како и менаџерски вештини и техники на проектниот мена­џмент.

                                           Општи дескриптори на квалификации

Квалификација Дескриптори на квалификациите
Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
  • Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
Способност за проценка
  • Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
  • Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
Комуникациски вештини
  • Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Презема поделена одговорност за колективни резултати.
  • Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.

Специфични дескриптори на квалификации

Квалификација Дескриптори на квалификациите
Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
  • Покажува знаење и разбирање за истражување, развој, проектирање, инсталирање и примена на добрата и современа инженерска практика во електроенергетиката. Стекнатите знаења се надградба на претходното образование, вклучу­вајќи и познавања во доменот на теоретски и практични перспективи во научното поле според соодветна методологија.
  • Разбирања на областите и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаења.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
  • Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електро­енергетиката и општо електро­техниката.
  • Поседува компетенции за идентификација, анализа и решавање на проблеми поврзани со планирање, проектирање, градба, управување и менаџмент на електроенергетски објекти од конвенционални извори и од обновливи извори на електрична енергија.
Способност за проценка
  • Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
  • Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
  • Способност да одговара на теоретски и пректични прашања, да дава објаснувања за причините и да избере соодветно решение.
  • Способност за анализирање, презентирање и разбирање на идеи и концепти од релевантни податоци од областа на производство и развод на електричната енергија, како и проектен менаџмент на објектите во електроенергетски систем.
Комуникациски вештини
  • Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Презема поделена одговорност за колективни резултати.
  • Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива за учење и професионална надградба со висок степен на независност.
  • Ја разбираат потребата од учење и имаат способност за постојан професионален развој, преку користење на стручна и научна литература, професионални обуки, продолжување на формалното образование, членување во професионални организации, и тн. 
  • Демонстрираат свесност за новите технологии и способност за евалуација и користење на современите софтверски развојни алатки.
  • Користат информатички технологии за далечинско и електронско учење.
  • Има развиено вештини за кооперативно, компетитивно и индивидуално учење.
  • Има развиено вештини за примена на техники на активно поучување и учење.
Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ08З009 Математика 1 7 3+3+0
3ФЕИТ08З016 Физика 1 7 3+2+1
3ФЕИТ06З005 Основи на електротехника 7 4+3+0
3ФЕИТ07З027 Програмирање и алгоритми 6 2+2+2
  Изборен предмет 3  
Изборни предмети*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ123006 Германски Јазик 3 2+1+0
3ФЕИТ123017 Француски Јазик 3 2+1+0
3ФЕИТ123003 Англиски Јазик 3 2+1+0
3ФЕИТ123015 Руски Јазик 3 2+1+0
*Студентот мора да избере еден од четирите понудени предмети
Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ08Л010 Математика 2 7 3+3+0
3ФЕИТ08Л017 Физика 2 7 3+2+1
3ФЕИТ06Л004 Основи на електрични кола 7 3+2+1
3ФЕИТ12Л002 Спорт и здравје 0 0+2
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 3  
Изборен предмет 1*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ07Л004 Библиотеки и програмирање 6 2+2+2
3ФЕИТ07Л025 Податочни структури и програмирање 6 2+2+2
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Изборен предмет 2**
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ11Л001 Практикум по MATLAB 3 0+1+2
3ФЕИТ03Л002 Електротехнички материјали 3 2+0+1
**Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Семестар 3
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ08З011 Математика 3 6 3+3+0
3ФЕИТ043027 Софтверски алатки во електроенергетика 6 3+0+2
3ФЕИТ033005 Мерења во електротехника 6 3+1+1
3ФЕИТ053035 Сигнали и системи 6 3+2+0
  Изборен предмет 6  
Изборен предмет 1*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ05З018 Електроника 6 3+1+1
3ФЕИТ05З019 Електроника 1 6 3+1+1
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Семестар 4
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ02Л007 Електрични машини и трансформатори 6 3+1+1
3ФЕИТ05Л015 Електромагнетика 6 3+2+0
3ФЕИТ04Л012 Менаџмент и инженерска економика 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 3  
  Изборен предмет 2 3  
  Изборен предмет 3 6  
Изборен предмет 1 и 2*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ08Л001 Веројатност 3 2+1+0
3ФЕИТ08Л003 Дискретна математика 1 3 2+1+0
3ФЕИТ08Л008 Комплексна анализа 3 2+1+0
3ФЕИТ08Л012 Нумерички методи 3 2+0+1
*Студентот мора да избере два од четирите понудени предмети
Изборен предмет 3**
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ01Л020 Системи на автоматско управување 6 2+2+1
3ФЕИТ01Л021 Теорија на автоматско управување 1 6 2+2+1
**Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Семестар 5
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ043004 Електрични централи 6 3+2+0
3ФЕИТ093019 Преносни и дистрибутивни системи 6 3+2+0
3ФЕИТ043019 Проектен менаџмент 6 2+2+0
3ФЕИТ043023 Разводни постројки 6 3+2+0
  Изборен предмет 6  
Изборен предмет*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ103009 Вовед во телекомуникации 6 3+1+1
3ФЕИТ103020 Комуникациски технологии 6 3+1+1
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети

Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.

Семестар 6
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ04Л014 Обновливи извори на електрична енергија 6 3+2+0
3ФЕИТ04Л024 Релејна заштита 6 2+2+1
  Изборен предмет 1    
  Изборен предмет 2 6  
  Изборен предмет 3 6  
Изборен предмет 1,2 и 3
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ04Л003 Експлоатација на електроенергетски постројки 6 3+2+0
3ФЕИТ03Л001 Електрични мерења на неелектрични величини 6 3+1+1
3ФЕИТ04Л006 Заземјување, професионален ризик и безбедност во електроенергетски постројки 6 3+2+0
3ФЕИТ04Л011 Мали хидроелектрични централи 6 3+2+0
3ФЕИТ04Л013 Нуклеарни електрични централи 6 3+2+0
3ФЕИТ04Л015 Операциски и финансиски менаџмент во техниката 6 3+2+0
3ФЕИТ04Л029 Фотоволтаични системи 6 3+1+1

Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.

Семестар 7
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ043008 Когенеративни постројки 6 3+2+0
3ФЕИТ043028 Управување на електроенергетски објекти 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
  Изборен предмет 3 6  
Изборен предмет 1, 2 и 3
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ043001 Бизнис и претприемништво во техниката 6 3+2+0
3ФЕИТ0343002 Ветерни електрични централи 6 3+2+0
3ФЕИТ043005 Енергетска ефикасност и менаџмент на животна средина 6 3+2+0
3ФЕИТ043007 Идентификација и менаџмент на ризик во технички проекти 6 3+2+0
3ФЕИТ043018 Планирање на погон и градба на електроенергетски објекти 6 3+2+0
3ФЕИТ043021 Проектирање и интегрирање на ОИЕ во ЕЕС 6 3+1+1
3ФЕИТ043025 Системи за менаџмент на квалитет и стандардизација во електроенергетиката 6 3+2+0
3ФЕИТ043026 Системи на вештачка интелигенција во електроенергетиката 6 3+1+1

Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.

Семестар 8
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ12Л007 Дипломски труд 9  
3ФЕИТ12Л016 Студентска пракса 3  
3ФЕИТ04Л022 Проектирање на електроенергетски објекти 6 3+2+0
3ФЕИТ04Л009 Компјутерско моделирање во електроенергетиката 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 3  
  Изборен предмет 2 3  
Изборен предмет 1 и 2*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ09Л008 Економска проценка на инвестиции 3 2+1+0
3ФЕИТ04Л010 Комуникациски вештини 3 2+1+0
3ФЕИТ11Л002 Претприемништво 3 2+1+0
3ФЕИТ03Л009 Принципи на управување со квалитет 3 2+1+0
3ФЕИТ04Л020 Проектен менаџмент и етика во инженерството 3 2+1+0
3ФЕИТ09Л021 Регулатива во електроенергетиката 3 2+1+0
3ФЕИТ08Л015 Технолошки иновации 3 2+1+0
*Студентот мора да избере два од седумте понудени предмети