КомпетенцииДескриптори на квалификациитеIIIIIIIVVVIVIIVIIIФакултетска листа
Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерско хардверско инженерство и електроника
Профил
Компјутерско хардверско инженерство и електроника
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Инженерите од овој профил својата кариера ќе можат да ја изградат во компании кои дизајнираат комплетни решенија базирани на микропроцесорски системи (вградливи системи за аквизиција на податоци, мобилни уреди, микроконтролери за контрола и управување во индустријата, комуникациска опрема и друго), но и во секоја компанија во чија работа се користи компјутерска и друга електронска опрема.
Образовни компетенции на профилот
Наставната програма КХИЕ претставува оптимален спој на електрониката и компјутерското инженерство. Комбинацијата на знаења и вештини од овие две дисциплини е основа за создавање на висококвалитетен кадар, способен да се справи со предизвикот наречен комплетно решение хардвер-софтвер. Знаењето од областа на архитектурите, алгоритмите и концептите на компјутереските системи, кои ги нуди компјутерско хардверското инженерство,споени со познавањата од електрониката (аналогниот дизајн, VLSI дизајн, PLD и FPGA компонентите, микроелектрониката) ќе му овозможат на инженерот дизајнот на продуктите да го изведува брзо, ефикасно и прецизно. Студентите на оваа програма ќе имаат можност, преку изборните предмети, да стекнат знаења и од областите дигитални сигнали, аудио, слика и видео, мултимедиски системи, биомедицинско инженерство, електромагнетика, електромагнетни бранови и антени и радиотехника.
Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.
Општи дескриптори на квалификации
| Квалификација |
Дескриптори на квалификациите |
| Знаење и разбирање |
- Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
|
| Примена на знаењето и разбирањето |
- Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
- Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
|
| Способност за проценка |
- Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
- Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
|
| Комуникациски вештини |
- Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
- Презема поделена одговорност за колективни резултати.
- Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
|
| Вештини на учење |
- Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.
|
Специфични дескриптори на квалификации
| Квалификација |
Дескриптори на квалификациите |
| Знаење и разбирање |
- Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
- Покажува знаење и разбирање за истражување, развој, проектирање, инсталирање и примена на компјутерското хардверско инженерство и електрониката во индустриски процеси.
- Стекнатите знаења се надградба на претходното образование, вклучувајќи и познавања во доменот на теоретски и практични перспективи во научното поле според соодветна методологија.
- Разбирања на областите и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаења.
|
| Примена на знаењето и разбирањето |
- Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
- Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
- Поседува компетенции за идентификација, анализа и решавање на проблеми поврзани со компјутерското хардверско инженерство и електрониката.
|
| Способност за проценка |
- Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
- Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
- Способност да одговара на теоретски и практични прашања, да дава објаснувања за причините и да избере соодветно решение.
- Способност за анализирање, презентирање и разбирање на идеи и концепти од релевантни податоци од областа на компјутерското хардверско инженерство и електрониката.
|
| Комуникациски вештини |
- Способност да комуницира и дискутира и со стручната и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
- Презема поделена одговорност за колективни резултати.
- Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
|
| Вештини на учење |
- Презема иницијатива за учење и професионална надградба со висок степен на независност.
- Ја разбираат потребата од учење и имаат способност за постојан професионален развој, преку користење на стручна и научна литература, професионални обуки, продолжување на формалното образование, членување во професионални организации, и тн.
- Демонстрираат свесност за новите технологии и способност за евалуација и користење на современите софтверски развојни алатки.
- Користат информатички технологии за далечинско и електронско учење.
- Има развиено вештини за кооперативно, компетитивно и индивидуално учење.
- Има развиено вештини за примена на техники на активно поучување и учење.
|
| Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |

Изборни наставни предмети на Факултетската листа изборни предмети
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од следнава листа: