Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерски технологии и инженерство
Профил
Компјутерски технологии и инженерство
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Студиската програма обезбедува здобивање на широки знаења и флексибилни можности за вработување. Инженерски компјутерски кадар е потребен во широк спектар индустрии што проектираат компјутерски системи базирани на нови технологии со примена во многу сфери. Дипломиран компјутерски инженер од овој профил, кариерата може да ја гради во индустријата и јавниот сектор, секаде каде се проектираат, развиваат и реализираат: компјутерски комуникациски системи и услуги; комплексни дигитални системи; современи информациски системи; Интернет и мрежни системи; анализа и развој на интелигентни мрежи. Стекнатите знаења на студентите се одлична основа за продолжување на студиите во институции и/или истражувачки центри ширум светот.
Образовни компетенции на профилот
Студиската програма им овозможува на студентите да се стекнат со широки основни знаења од сите дисциплини во компјутерските технологии и инженерство, како и практични вештини за анализа, дизајн, имплементација, администрација и употреба на комплетни хардверско-софтверски компјутерски системи за различни намени. Подетално, во текот на нивните студии студентите можат да се стекнат со следните компетенции и способности за:
• Анализа, дизајн и имплементација на компјутерски архитектури и процесори за општа и специјална намена;
• Анализа, дизајн и имплементација на алгоритми и податочни структури;
• Дизајн и имплементација на бази на податоци и информациски системи;
• Познавање, дизајн, имплементација и администрација на жичани и безжични компјутерски мрежи;
• Администрација и употреба на оперативни системи, како и дизајн и имплементација на модули и драјвери за компјутерски системи, вградливи системи и мобилни уреди;
• Познавање и употреба на дистрибуирани системи, системи за пресметка со високи перформанси и системи во облак;
• Дизајн и имплементација на софтверски серверски околини и апликации (веб и мобилни);
• Дизајн и имплементација на системи на чип, вградливи системи и системи за Интернет на нештата;
• Познавање и примена на безбедност и безбедни компјутерски системи;
• Познавање и примена на наука за податоци, машинско учење и вештачка интелигенција во интелигентни системи.
Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.
Општи дескриптори на квалификации
Квалификација | Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
|
Примена на знаењето и разбирањето |
|
Способност за проценка |
|
Комуникациски вештини |
|
Вештини на учење |
|
Специфични дескриптори на квалификации
Квалификација | Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
|
Примена на знаењето и разбирањето |
|
Способност за проценка |
|
Комуникациски вештини |
|
Вештини на учење |
|
Семестар 1 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08З007 | Математика 1 | 8 | 4+3+0 |
4ФЕИТ08З015 | Физика 1 | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ06З006 | Основи на електротехника | 8 | 3+3+1 |
4ФЕИТ07З019 | Програмирање и алгоритми | 7 | 2+2+2 |
Семестар 2 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08Л008 | Математика 2 | 7 | 3+3+0 |
4ФЕИТ08Л016 | Физика 2 | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ06Л005 | Основи на електрични кола | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ11Л001 | Практикум по инженерски алатки | 3 | 1+0+2 |
4ФЕИТ07Л018 | Податочни структури и програмирање | 6 | 2+2+2 |
Семестар 3 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08З003 | Дискретна математика | 6 | 3+3+0 |
4ФЕИТ05З017 | Електроника | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ05З033 | Сигнали и системи | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ05З022 | Логички дизајн | 6 | 3+1+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 1 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ04З014 | Основи на електроенергетика | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ09З015 | Основи на електроенергетски системи | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ03З007 | Основи на мерни системи | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 4 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08Л001 | Веројатност и статистика | 6 | 3+3+0 |
4ФЕИТ07Л005 | Компјутерски архитектури | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ10Л012 | Комуникациски мрежи | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ07Л009 | Моделирање бази на податоци | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ01Л019 | Системи на автоматско управување | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 5 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ07З006 | Компјутерски мрежи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07З013 | Оперативни системи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ10З018 | Основи на дигитални телекомуникации | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ07З017 | Податочни структури и анализа на алгоритми | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 1 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ123003 | Андроид програмирање | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ123009 | Основи на WEB програмирање | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ073020 | Проектирање на компјутерски системи со HDL | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 6 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ07Л002 | Безбедност и заштита на компјутерско комуникациски системи и мрежи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л016 | Податочна наука и анализа на податоци | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л007 | Микропроцесорски системи | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 |
6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 1 и 2 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ12Л001 | WEB апликации | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л001 | Анализа и дизајн на информациски системи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ12Л004 | Апликации за мобилни уреди | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ03Л001 | Виртуелна инструментација во LabVIEW | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ12Л007 | Мобилни сервиси со Андроид програмирање | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л014 | Оперативни системи за вградливи компјутерски системи | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 7 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ07З004 | Интелигентни информациски системи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07З012 | Напредни компјутерски архитектури | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 3 | 6 | ||
Изборен предмет 1, 2, и 3 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ12З002 | WEB сервиси | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ12З005 | Виртуелизација и контејнер системи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07З010 | Моделирање и симулациски компјутерски околини | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07З011 | Мрежни стандарди и уреди | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ12З008 | Мрежно програмирање | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07З015 | Оптимизација и еволуциски алгоритми | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ12З010 | Развој на серверски web апликации | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07З021 | Развој на софтвер и тестирање | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ08З017 | Физика на компјутерски игри | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 8 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ12Л006 | Дипломска работа | 9 | |
4ФЕИТ12Л011 | Студентска пракса | 3 | |
4ФЕИТ07Л003 | Дистрибуирани и облак системи | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 |
6 | ||
Изборен предмет 2 |
6 | ||
Изборен предмет 1 (се избира еден од понудените предмети) | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ04Л016 | Претприемништво и бизнис во техниката | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ03Л008 | Принципи на управување со квалитет | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ04Л018 | Проектен менаџмент и етика во инженерството | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ08Л014 | Технолошки иновации | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 2 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ07Л008 | Мобилни сензорски системи и амбиентална интелигенција | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л022 | Системи за пресметка со високи перформанси | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л023 | Системи и компоненти за Интернет на нешта | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Изборни наставни предмети на Факултетската листа изборни предмети
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од следнава листа:
Реден број | Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | Единица |
1 | 4ФЕИТ06З004 | Енергија и одржлив развој | III | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
2 | 4ФЕИТ05З011 | Дигитално процесирање на сигнали | V | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
3 | 4ФЕИТ08З004 | Електрооптика | V | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
4 | 4ФЕИТ04З005 | Енергетска ефикасност и животна средина | V | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
5 | 4ФЕИТ09З012 | Надземни и кабелски водови | V | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
6 | 4ФЕИТ02З018 | Основи на обновливи извори на енергија | V | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
7 | 4ФЕИТ10Л010 | Индустриски комуникациски мрежи | VI | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
8 | 4ФЕИТ09Л009 | Интелигентни електроенергетски мрежи | VI | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
9 | 4ФЕИТ01Л005 | Интелигентни системи на управување | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
10 | 4ФЕИТ08Л006 | Компјутерски поддржано геометриско моделирање | VI | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
11 | 4ФЕИТ01Л006 | Компјутерско водење на процеси | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
12 | 4ФЕИТ08Л011 | Нумерички методи | VI | 3+0+2 | 6 | ФЕИТ |
13 | 4ФЕИТ01Л017 | Роботика 1 | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
14 | 4ФЕИТ04Л025 | Фотоволтаични системи | VI | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
15 | 4ФЕИТ05З001 | VLSI дизајн со PLD и FPGA компоненти | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
16 | 4ФЕИТ05З007 | Вградливи микрокомпјутерски системи | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
17 | 4ФЕИТ08З002 | Вовед во наноматеријали и нанотехнологии | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
18 | 4ФЕИТ10З005 | Дигитални валути | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
19 | 4ФЕИТ05З012 | Дигитално процесирање на слика | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
20 | 4ФЕИТ093007 | Електрично осветление | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
21 | 4ФЕИТ04З006 | Заземјување, професионален ризик и безбедност во електроенергетски постројки | VII | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
22 | 4ФЕИТ03З004 | Компјутеризирани мерни системи | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
23 | 4ФЕИТ02З014 | Мали и специјални електрични машини |
VII | 3+0+2 | 6 | ФЕИТ |
24 | 4ФЕИТ01З007 | Машинско учење | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
25 | 4ФЕИТ01З011 | Операциони истражувања | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
26 | 4ФЕИТ08З012 | Основи на конвексна оптимизација со примена | VII | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
27 | 4ФЕИТ10З030 | Форензика на мрежи | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
28 | 4ФЕИТ05Л005 | Биомедицинска електроника | VIII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
29 | 4ФЕИТ05Л023 | Машински вид | VIII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |