Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)

КомпетенцииДескриптори на квалификациитеIIIIIIIVVVIVIIVIII

Вид на програмата

Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии

Про­фил: Компјутерски технологии и инженерство

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Студиската програма обезбедува здобивање на широки знаења и флексибилни можности за вра­бо­тување. Инженерски компјутерски кадар е потребен во ши­рок спектар индустрии што проектираат комп­ју­тер­ски системи базирани на нови технологии со примена во многу сфери. Дипломиран компјутерски инженер од овој профил, кариерата може да ја гради во индус­три­јата и јавниот сектор, секаде каде се проектираат, раз­ви­ваат и реализираат: компјутерски комуникациски сис­теми и услуги; комплексни дигитални системи; сов­ре­мени информациски системи; Интернет и мрежни сис­теми; анализа и развој на интелигентни мрежи. Стек­натите знаења на студентите се одлична основа за про­должување на студиите во институции и/или истра­жу­вачки центри ширум светот.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
Студиската програма им овозможува на студентите да се стекнат со широки основни знаења од сите дисциплини во компјутерските технологии и инженерство, како и практични вештини за анализа, дизајн, имплементација, администрација и употреба на комплетни хардверско-софтверски компјутерски системи за различни намени. Подетално, во текот на нивните студии студентите можат да се стекнат со следните компетенции и способности за:
• Анализа, дизајн и имплементација на компјутерски архитектури и процесори за општа и специјална намена;
• Анализа, дизајн и имплементација на алгоритми и податочни структури;
• Дизајн и имплементација на бази на податоци и информациски системи;
• Познавање, дизајн, имплементација и администрација на жичани и безжични компјутерски мрежи;
• Администрација и употреба на оперативни системи, како и дизајн и имплементација на модули и драјвери за компјутерски системи, вградливи системи и мобилни уреди;
• Познавање и употреба на дистрибуирани системи, системи за пресметка со високи перформанси и системи во облак;
• Дизајн и имплементација на софтверски серверски околини и апликации (веб и мобилни);
• Дизајн и имплементација на системи на чип, вградливи системи и системи за Интернет на нештата;
• Познавање и примена на безбедност и безбедни компјутерски системи;
• Познавање и примена на наука за податоци, машинско учење и вештачка интелигенција во интелигентни системи.

Општи дескриптори на квалификации

Квалификација Дескриптори на квалификациите
Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
  • Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
Способност за проценка
  • Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
  • Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
Комуникациски вештини
  • Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Презема поделена одговорност за колективни резултати.
  • Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.


Специфични дескриптори на квалификации

Квалификација Дескриптори на квалификациите
Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
  • Покажува знаење и разбирање за истражување, развој, проектирање, инсталирање и примена на Компјутерските технологии и инженерство во индустриски процеси при проектирање и реализација на различни видови и типови компјутерски системи за различна цел и намена,  вклучувајќи ги областите: проектирање и реализација на процесори и процесорски архитектури за општа и посебна намена; проектирање и реализација на компјутерски системи за општа и посебна намена; алгоритми, структури и програмирање; анализа и проценка на перформанси, моделирање, симулации и проектирање на компоненти на компјутерски системи,  компјутерски мрежи и Интернет; користење и администрирање оперативни системи; проектирање и реализација на модули и компоненти на оперативни системи за различни намени; проектирање и реализација на вградливи системи за различна намена; проектирање и реализација на различни компоненти на интели­гентни мрежи и т.н.
  • Стекнатите знаења се надградба на претходното образование, вклучувајќи и познавања во доменот на теоретски и практични перспективи во научното поле според соодветна методологија.
  • Разбирања на областите и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаења.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
  • Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
  • Поседува компетенции за идентификација, анализа и решавање на проблеми поврзани со дизајн, имплементација и практична реализација на нови решенија во сите области од инженерските компјутерски технологии.
  • Способност за пронаоѓање и поткрепување аргументи во рамките на полето на студирање.
  • Користење на стекнатите вештини за анализа, прибирање и обработка на информации во продолжување на своето формално образование.
Способност за проценка
  • Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
  • Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
  • Способност да одговара на теоретски и пректични прашања, да дава објаснувања за причините и да избере соодветно решение.
  • Способност за анализирање, презентирање и разбирање на идеи и концепти од релевантни податоци од областа на инженерските компјутерски технологии, да препознава приоритети и идентифи­кува отстапувања од вообичаените патишта, како и да дава објаснување за причините и да избере и реализира соодветно решение.
Комуникациски вештини
  • Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Презема поделена одговорност за колективни резултати.
  • Способност за независно учество, со професио­на­лен пристап, во специфични, научни и интер­дис­циплинарни дискусии.
  • Прифаќа консултации и совети, води и иницира активности и презема поделена одговорност за колективни резултати на тимот.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива за учење и професионална надградба со висок степен на независност во електротехниката и инженерските компјутерски технологии.
  • Ја разбираат потребата од учење и имаат способност за постојан професионален развој, преку користење на стручна и научна литература, професионални обуки, продолжување на формалното образование, членување во професионални организации, и тн. 
  • Демонстрираат свесност за новите технологии и способност за евалуација и користење на современите софтверски развојни алатки.
  • Користат информатички технологии за далечинско и електронско учење.
  • Има развиено вештини за кооперативно, компетитивно и индивидуално учење.
  • Има развиено вештини за примена на техники на активно поучување и учење.
Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ08З009 Математика 1 7 3+3+0
3ФЕИТ08З016 Физика 1 7 3+2+1
3ФЕИТ06З005 Основи на електротехника 7 4+3+0
3ФЕИТ07З027 Програмирање и алгоритми 6 2+2+2
  Изборен предмет 3  
Изборни предмети*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ123006 Германски Јазик 3 2+1+0
3ФЕИТ123017 Француски Јазик 3 2+1+0
3ФЕИТ123003 Англиски Јазик 3 2+1+0
3ФЕИТ123015 Руски Јазик 3 2+1+0
*Студентот мора да избере еден од четирите понудени предмети
Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ08Л010 Математика 2 7 3+3+0
3ФЕИТ08Л017 Физика 2 7 3+2+1
3ФЕИТ06Л004 Основи на електрични кола 7 3+2+1
3ФЕИТ12Л002 Спорт и здравје 0 0+2
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 3  
Изборен предмет 1*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ07Л004 Библиотеки и програмирање 6 2+2+2
3ФЕИТ07Л025 Податочни структури и програмирање 6 2+2+2
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Изборен предмет 2**
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ11Л001 Практикум по MATLAB 3 0+1+2
3ФЕИТ03Л002 Електротехнички материјали 3 2+0+1
**Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Семестар 3
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ10З018 Интернет Технологии 6 3+1+1
3ФЕИТ123009 Логички Дизајн 6 3+1+1
3ФЕИТ053035 Сигнали и системи 6 3+2+0
3ФЕИТ08З011 Математика 3 6 3+3+0
  Изборен предмет 6  
Изборен предмет 1*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ05З018 Електроника 6 3+1+1
3ФЕИТ05З019 Електроника 1 6 3+1+1
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Семестар 4
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ07Л018 Моделирање на податоци и бази 6 2+2+1+0
3ФЕИТ07Л024 Податочни структури и анализа на алгоритми 6 2+2+1+0
3ФЕИТ07Л010 Компјутерски архитектури 6 2+2+1
  Изборен предмет 1 3  
  Изборен предмет 2 3  
  Изборен предмет 3 6  
Изборен предмет 1 и 2*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ08Л001 Веројатност 3 2+1+0
3ФЕИТ08Л003 Дискретна математика 1 3 2+1+0
3ФЕИТ08Л008 Комплексна анализа 3 2+1+0
3ФЕИТ08Л012 Нумерички методи 3 2+0+1
*Студентот мора да избере два од четирите понудени предмети
Изборен предмет 3**
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ01Л020
Системи на автоматско управување
6 2+2+1+0
3ФЕИТ01Л021 Теорија на автоматско управување 1 6 2+2+1+0
**Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Семестар 5
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ07З013 Компјутерски комуникациски технологии 6 2+2+1
3ФЕИТ07З022
Оперативни системи
6 2+2+1
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
  Изборен предмет 3 6  
Изборен предмет 1*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ103009 Вовед во телекомуникации 6 3+1+1
3ФЕИТ103020 Комуникациски технологии 6 3+1+1
*Студентот мора да избере еден од двата понудени предмети
Изборен предмет 2**
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ093004 Вовед во електроенергетски системи 6 3+2+0
3ФЕИТ023009 Електроенергетски уреди 6 3+1+1
3ФЕИТ043017 Основи на електроенергетика 6 3+2+0
**Студентот мора да избере еден од трите понудени предмети
Изборен предмет 3
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ07З002 Анализа и дизајн на информациски системи 6 2+2+1
3ФЕИТ08З004
Дискретна математика 2
6 3+2+1
3ФЕИТ08З005 Електрооптика 6 2+2+1
3ФЕИТ07З011 Компјутерски вештини и алатки – практикум 3 0+1+2+0
3ФЕИТ07З012 Компјутерски компоненти и периферии – практикум 3 1+0+2+0
3ФЕИТ07З020
Мрежни оперативни системи
6 2+2+1+0
3ФЕИТ12З012
Основи на WEB програмирање
6 2+2+1+0
3ФЕИТ03З007 Основи на мерни системи 6 2+2+1+0
3ФЕИТ10З038 Телекомуникациски софтвер 6 3+1+1+0

 

Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.

Семестар 6
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ07Л003 Безбедност и заштита на компјутерско комуникациски системи и мрежи 6 2+2+1
3ФЕИТ07Л014 Компјутерски мрежи 6 2+2+1
3ФЕИТ07Л016 Микропроцесорски системи 6 2+2+1
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
Изборни предмети 1 и 2
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ12Л001 WEB апликации 6 2+2+1+0
3ФЕИТ07Л001
Администрирање со бази на податоци
6 2+2+1
3ФЕИТ07Л005 Веб системи и сервери 6 2+2+1
3ФЕИТ05Л010
Дигитална и индустриска електроника
6 3+1+1
3ФЕИТ07Л009 Информациски системи и големи податоци 6 2+2+1
3ФЕИТ08Л007 Компјутерско подржано геометриско моделирање 6 3+2+0
3ФЕИТ07Л015 Компајлери 6 2+2+1
3ФЕИТ03Л008 Практикум во LabVIEW 3 1+0+2+0
3ФЕИТ07Л026 Практикум по Linux 3 1+0+2+0
3ФЕИТ12Л014 Развој на серверски WEB апликации 6 2+2+1
3ФЕИТ08Л018 Физика на компјутерски игри 6 2+2+1

 

Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.

Семестар 7
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ07З031
Системи за пресметка со високи перформанси
6 2+2+1
3ФЕИТ07З032 Современи процесорски архитектури 6 2+2+1
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
  Изборен предмет 3 6  
Изборни предмети 1, 2 и 3
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ05З001 VLSI дизајн со PLD и FPGA компоненти 6 3+1+1
3ФЕИТ12З002
WEB сервиси
6 2+2+1
3ФЕИТ12З004 Андроид програмирање 6 2+2+1
3ФЕИТ12З005
Апликации за мобилни уреди
6 2+2+1
3ФЕИТ10З007 Безжични мрежи и мобилни системи 6 3+1+1
3ФЕИТ05З007 Вградливи микрокомпјутерски системи 6 3+1+1
3ФЕИТ08З002 Вовед во наноматеријали и нанотехнологии 6 2+2+1
3ФЕИТ05З013 Дигитално процесирање на слика 6 3+1+1

3ФЕИТ07З008
Интелигентни агенти 6 2+2+1
3ФЕИТ03З003 Компјутеризирани мерни системи 6 2+2+1
3ФЕИТ07З019 Мрежен софтвер и управување со компјутерски мрежи
6 2+2+1
3ФЕИТ07З021 Мрежни стандарди и уреди 6 2+2+1
3ФЕИТ12З011 Мрежно програмирање 6 2+2+1
3ФЕИТ07З029
Развој на софтвер и тестирање
6 2+2+1
3ФЕИТ08З014 Статистика и случајни процеси 6 3+2+0

 

Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.

Семестар 8
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ12Л007 Дипломски труд 9  
3ФЕИТ12Л016 Студентска пракса 3  
3ФЕИТ07Л007 Дистрибуирани системи 6 2+2+1
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 3  
  Изборен предмет 3 3  
Изборен предмет 1
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ01Л004 Дистрибуирани системи и SCADA 6 2+2+1
3ФЕИТ05Л023 Машински вид 6 3+1+1
3ФЕИТ05Л005 Биомедицинска електроника 6 3+1+0
3ФЕИТ07Л006 Виртуелизација и системи во облак 6 3+1+1
3ФЕИТ01Л006 Интелигентни системи на управување 6 2+2+1
3ФЕИТ12Л010 Мобилни сервиси со Андроид програмирање 6 2+2+1
3ФЕИТ07Л017 Моделирање и симулациски околини 6 2+2+1
3ФЕИТ07Л023 ОС и модули за вградливи компјутерски системи 6 2+2+1
3ФЕИТ07Л028 Проектирање систем во чип 6 2+2+1
3ФЕИТ03Л010 Процесни компјутери и мерења 6 3+1+1
3ФЕИТ07Л030 Системи за Интернет на нешта 6 2+2+1+0
3ФЕИТ12Л008 Индустриски комуникациски мрежи 6 3+1+1
Изборен предмет 2 и 3*
Шифра Предмет Кредити Фонд
3ФЕИТ09Л008 Економска проценка на инвестиции 3 2+1+0
3ФЕИТ04Л010 Комуникациски вештини 3 2+1+0
3ФЕИТ11Л002 Претприемништво 3 2+1+0
3ФЕИТ03Л009 Принципи на управување со квалитет 3 2+1+0
3ФЕИТ04Л020 Проектен менаџмент и етика во инженерството 3 2+1+0
3ФЕИТ09Л021 Регулатива во електроенергетиката 3 2+1+0
3ФЕИТ08Л015 Технолошки иновации 3 2+1+0
*Студентот мора да избере два од седумте понудени предмети

 

Надвор од овој список, покрај изборните предмети предвидени со студиската програма на која е запишан, студентот може да избере најмногу 4 предмети од друга студиска програма на ФЕИТ или од листата слободни изборни предмети на УКИМ.