КомпетенцииДескриптори на квалификациитеIIIIIIIVVVIVIIVIIIФакултетска листа
Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа телекомуникации и информациско инженерство
Профил
Телекомуникации и информациско инженерство
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Дипломираните инженери од студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство се подготвени за современи и динамични работни позиции во ИКТ-секторот, како во земјата така и во странство. Нивните знаења и вештини од телекомуникациски технологии, мрежни системи, телеком и Интернет сервиси, софтверски алатки и комуникациско-информациски платформи овозможуваат успешно вклучување во:
- телекомуникациски, мобилни и Интернет оператори
- компании за дизајн, развој и одржување на телекомуникациска и мрежна инфраструктура
- софтверски и ИТ компании кои развиваат дигитални сервиси и услуги во облак
- индустрија за производство и интеграција на телекомуникациска опрема
- компании поврзани со сајбер-безбедност, обработка на податоци и IoT решенија
- секоја мала, средна и голема компанија или институција со сопствена мрежа и која користи или обезбедува дигитални услуги за граѓаните и бизнисите
- истражувачки центри, технолошки паркови и академски институции ширум светот
Побарувачката за инженери од оваа област е континуирано висока, следејќи ги глобалните трендови во развојот и примената на тековните 5G и идните 6G мобилни мрежи, оптички мрежи, Интернет и веб технологии, облак (cloud) платформи, сајбер-безбедноста, софтверски дефинирани мрежи, автоматизација, развој и примена на вештачка интелигенција во телеком/ИКТ, како и за дигиталната трансформација на сите бизниси, институции и индустрии.
Образовни компетенции на профилот
Студиската програма ги опремува студентите со современи знаења и практични вештини низ целиот спектар на комуникациски и информациски технологии. Обезбедува знаења во телекомуникациските системи, мрежните технологии, програмирањето, cloud решенијата и сајбер безбедноста, како и компетенции за анализа, дизајн, имплементација и оптимизација на сложени комуникациски и ИКТ / ИТ системи, мрежи и сервиси.
Поконкретно, студентите стекнуваат компетенции и способности за:
- Анализа, дизајн и имплементација на телекомуникациски системи и протоколи, вклучувајќи дигитални комуникации, безжични системи, мобилни мрежи и оптички комуникации.
- Разбирање и примена на модерни мрежни и системски архитектури, како што се Интернет технологиите, 5G и идните 6G мобилни мрежи, сателитски комуникации, IoT (Internet of Things) системи, софтверски дефинирано вмрежување, виртуелизација и платформи базирани на контејнери.
- Дизајн, конфигурација и администрација на жични, безжични и мобилни мрежи, за Интернет сервис, телефонија, телевизија, IoT сервиси, како и сервиси за проширена реалност (XR – eXtended Reality).
- Програмирање и развој на софтверски апликации и оперативни системи за телекомуникации, веб услуги, мобилни апликации и веб средини од страна на серверот.
- Дизајн и моделирање на бази на податоци и информациски системи, примена на Интернет технологии и развој на мрежно ориентирани услуги.
- Употреба на системи за cloud и edge computing, како и дистрибуирани платформи за обработка, складирање и аналитика на податоци.
- Анализа, симулација и оптимизација на комуникациски системи со користење на специјализирани алатки за симулација и софтверски методи.
- Примена на принципите на сајбер безбедност, заштита на мрежи и податоци, безбедни комуникации, мрежна форензика и управување со ризици.
- Развој и имплементација на системи „Интернет на нештата“ (IoT системи), лични ad-hoc мрежи и паметни уреди.
- Примена на машинско учење и вештачка интелигенција во телекомуникациите за оптимизација, предвидување и поддршка, како и дизајн на интелигентни телекомуникациски и информациски системи.
- Разбирање на регулативите, стандардите и индустриските трендови во телеком / ИКТ / дигиталниот сектор и нивна примена во развој, планирање и интеграција на системи, мрежи и сервиси.
Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓународните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.
Општи дескриптори на квалификации
| Квалификација |
Дескриптори на квалификациите |
| Знаење и разбирање |
- Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
|
| Примена на знаењето и разбирањето |
- Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
- Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
|
| Способност за проценка |
- Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
- Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
|
| Комуникациски вештини |
- Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
- Презема поделена одговорност за колективни резултати.
- Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
|
| Вештини на учење |
- Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.
|
Специфични дескриптори на квалификации
| Квалификација |
Дескриптори на квалификациите |
| Знаење и разбирање |
- Покажува знаење и разбирање во научното поле електротехниката и научното поле телекомуникациско инженерство кои се надградуваат врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научните полиња според соодветна методологија.
- Покажува знаење и разбирање за истражување, развој, проектирање, инсталирање и примена на телекомуникации и информациско инженерство во информациско-комуникациската индустрија.
- Стекнатите знаења се надградба на претходното образование, вклучувајќи и познавања во доменот на теоретски и практични перспективи во научното поле според соодветна методологија.
- Разбирања на областите и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаења.
|
| Примена на знаењето и разбирањето |
- Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
- Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката и телекомуникациското инженерство.
- Поседува компетенции за идентификација, анализа и решавање на проблеми поврзани со телекомуникации и информациско инженерство.
- Оспособеност за продолжување на своето формално образование на магистерски студии со цел добивање академски степен магистер.
|
| Способност за проценка |
- Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
- Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
- Способност да одговара на теоретски и пректични прашања, да дава објаснувања за причините и да избере соодветно решение.
- Способност за анализирање, презентирање и разбирање на идеи и концепти од релевантни податоци од областа на телекомуникациско и информациско инженерство.
|
| Комуникациски вештини |
- Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
- Презема поделена одговорност за колективни резултати.
- Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
|
| Вештини на учење |
- Презема иницијатива за учење и професионална надградба со висок степен на независност.
- Ја разбираат потребата од учење и имаат способност за постојан професионален развој, преку користење на стручна и научна литература, професионални обуки, продолжување на формалното образование, членување во професионални организации, и тн.
- Демонстрираат свесност за новите технологии и способност за евалуација и користење на современите софтверски развојни алатки.
- Користат информатички технологии за далечинско и електронско учење.
- Има развиено вештини за кооперативно, компетитивно и индивидуално учење.
- Има развиено вештини за примена на техники на активно поучување и учење.
|
| Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
| Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
| Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
| Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
| Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
| Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Изборни наставни предмети на Факултетската листа изборни предмети
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од следнава листа: